Потребни состојки:

250 г путер/маргарин

250 г маст

1 супена лажица сол

200 мл млеко

1 сув квасец

1 кг брашно

2 лажици шеќер

За наросување и премачкување:

1 јајце

Сусам

Постапка:

Маргаринот, маста, шеќерот и солта замесете ги. Млекото подгрејте го да биде млако и истурете го во брашното каде сме го додале квасецот. Овој квасец е многу побрз и полесен и нема потреба да се чека неговата активација и плус- помалку се чувствува во тестото.

Тестото добро се замесува, па кога ќе се соедини, се вади уште малку се меси на работна површина додека да стане мазно.

Поентата на овие солени погачиња е тоа што тестото не треба да се остава да расте, туку веднаш се развива штом ќе се замесе.

Се сука кора со дебелина еден прст, па се вадат мали погачиња со најмалата чашка од ракија што ја имате. Се редат во плех обложен со хартија, ги оставаме малку да одморат околу 30-40 минути, па потоа ги мачкаме со јајце и одозгора наросуваме сусам.

Се печат 20 минути на 180 степени, додека да заруменат.