Рецепт на Ивана. Нема кој не ги сака, нивниот мирис и вкус се неодоливи, а многу лесно се прават. Може и да се замрзнуваат, па да си вадите по потреба. Одлични се за родендени и други прослави, но и за секој ден. Долго остануваа свежи и меки, како тукушто да сте ги испекле. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за двојна мера, ако ви е многу – преполовете): околу 900 г брашно (јас користам остро, но може мешано или само меко), 1 јајце на собна температура, 300 г растопен путер или маргарин, 2,5 лажички сол, 500 г кисела павлака, 20 г прашок за печиво (2 кесички), 1 јајце за премачкување и по желба сусам, ким, ленено семе, семки … за наросување.
ПОСТАПКА: најпрво растопете го путерот/маргаринот на многу тивок оган (не треба да зоврие). Оставете го настрана да подизлади со повремено промешување за да остане во течна состојба. Не мора целосно да се олади, но да биде млак.
Во подлабок сад изматете едно јајце со виљушка, па додајте го растопениот и подизладен путер. Промешајте, па додајте ја киселата павлака и посолете. Добро промешајте додека сите состојки да се изедначат.
Потоа додајте го просеаното брашно (не го додавајте целото одеднаш, оставете малку за додавање додека месете), а на крај додајте ги двете кесички прашок за печиво. Добро замесете го тестото додека сите состојки да се соединат.
Тестото ќе ви се чини меко и не баш компактно, но такво треба да биде. Оставете го во фрижидер да одмори 20 минути или во замрзнувач 10 минути. Потоа истресете го врз набрашнета работна површина и добро измесете го додека да добиете мазно и компактно меко тесто кое не се лепи за рака.
Со помош на оклагија развлечете го во кора со правоалголна форма, за сето време набрашнувајќи за да не ви се лепи и помагајќи си со рацете за да ја формирате кората со дебелина од 1 см. Одозгора премачкјате со едно изматено јајце, сечете на штангли и наросете семе доколку сакате.
Наредете ги во голем плех од рерна обложен со хартија за печење, а рерната добро загрејте ја на 200 степени. Ставете ги погачите да се печат околу 30-35 минути (доколку ги сакате попечени) или 20 минути за помалку печени. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.