Тиквичките се хит ова лето не само затоа што се многу здрави за јадење, туку и поради нивниот неутрален вкус и можноста да се комбинираат речиси со било која друга намирница. Можете да ги печете, да ги похувате, да ги полните со вкусен фил, да правите мусака…
Се чини дека тиквичката може да се приготви на милион различни начини. Овојпат испробајте го рецептот на Домашен готвач и направете брзи плескавици од рерна за што ќе одвоите едвај 15 минути време. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 голема тиквица или 2 помали, 2 јајца, 1 чајна лажичка сол, 2 супени лажици растително масло, 2 супени лажици пченкарно брашно, 4 супени лажици бело пченично брашно тип 400, 2 чајни лажички прашок за печиво или 1 кесичка од 10 г, 150 г рендан кашкавал по ваш избор
ПОСТАПКА: Доколку тиквицата е постара, тогаш измијте ја и отсечете ги краевите, па излупете ја, а ако користите две помали и помлади, тогаш само добро измијте ги и изрендајте ги сосе лушпа. Користете ја крупната страна страна од рендето.
Кога ќе ги изрендате, тиквичките посолете ги со прстофат сол, промешајте ги и оставете ги 10-тина минути да отстојат за да ја ослободат водата од нив. Потоа убаво истискајте ги со раце за да излезе што повеќе течност.
Во исцедените тиквички додајте две јајца, две супени лажици растително масло, една чајна лажичка сол или по вкус, па промешајте за сето да се изедначи. Потоа додајте две супени лажици пченкарно брашно, четири супени лажици бело брашно и две лажички прашок за печиво.
Повторно промешајте со лажица додека состојките добро да се изедначат во изедначена смеса. На крај додајте го ренданиот кашкавал, па и него промешајте го. Плехот во кој ќе ги печете плескавиците обложете го со хартија за печење, а рерната вклучете ја да се загрева на 230 степени.
Малку намастете ја хартијата, па со лажица црпете од смесата и обликувајте ги плескавиците директно во плехот. Не мора да оставате големо растојание помеѓу нив, зашто тие во текот на печењето нема да пораснат премногу.
Печете ги 20 – тина минути во загреаната рерна на 230 или 220 степени додека да заруменат. оставете малку да подизладат, па послужете ги како главно јадење или како прилог. Видеопрезентацијата можете да ја погледнете ОВДЕ.