Потребни состојки:
300 г плазма бисквити
50 мл млеко
За Фил:
3 пудинг од ванила
750 мл млеко
6 лажици шеќер
250 г путер
200 г шеќер во прав
2 кесички шлаг
200 г ореви
За декорација: 50 г ореви
Постапка:
Прво сварете го пудингот со 750 мл млеко и 6 лажици шеќер. Оставете да излади.
Путерот пенасто изматете го со шеќер во прав.
Шлагот изматете го според упатството на кесичката.
Во изладениот пудинг додадете ги изматениот путер и шлаг, па убаво соединете ги. На крај во смесата додадете ги и мелените ореви.
Филување: на тацна наредете бисквити натопени кратко во млеко, па врз нив ставете половина од филот, повторно наредете бисквити и на крај остатокот од филот. Убаво израмнете и декорирајте со мелени ореви.
Оставете во фрижидер да се стегне, па сечете на коцки или правоаголници.