БРЗИ ПЛАЗМА-КОКОС КОЦКИ…Готови за само 5 минути…Омилени се на празничната трпеза, но идеални се и за секој ден, кога сакате брз, вкусен и на сите омилен колач. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1. слој:
100 мл млеко
150 г шеќер
125 г маргарин
300 г мелена плазма (бисквити)

2. слој:
100 мл млеко
150 г шеќер
125 г маргарин
250 г кокос

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере сипете млеко и шеќер и варете додека шеќерот да се растопи. Штом зоврие додајте го маргаринот и мешајте за да се растопи. Тргнете го тенџерето од оган, додајте ја плазмата и мешајте додека сето да се соедини.

2.Смесата сипете ја во помал калап, претходно малку намастен. Распоредете и израмнете, убаво да се натапка слојот, па дури потоа започнете со подготовката на белиот (кокос) фил.

3.Во тенџере сипете млеко и шеќер и варете додека шеќерот да се растопи. Штом зоврие додајте го маргаринот и мешајте за да се растопи. Тргнете го тенџерето од оган, додајте го кокосот и мешајте.

4.Сипете ја смесата врз првиот слој, распоредете и израмнете, па притиснете одозгора со лажицата. Колачот оставете го да се олади во фрижидер најмалку еден час. Постапката погледнете ја ОВДЕ.