БРЗИ ПИРОШКИ: Рецепт за стапчиња од компири за појадок…За оние кои бараат рецепти за појадок или ужина кои се и вкусни и лесни, а кои можете да ги направите со состојки кои веќе ги имате в кујна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 компири
1 јајце
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
3 – 4 гранчиња магдонос
1/2 чаша брашно
1-2 раце ситно рендан кашкавал кашкавал
ПОСТАПКА:
1.Компирите сварете ги, зачинете со сол, црн пипер и сечкан магдонос и испасирајте ги.
2.Додајте 1 јајце во пирето и измешајте со рака.
3.Додавајте малку по малку брашно и продолжете со месење. На крај додајте рендан чедар/кашкавал и темелно измесете да добиете тесто кое лесно се обликува.
4.Кинете мали парчиња, валајте ги во стапчиња и редете ги во соодветен сад, на растојание, да не се залепат едно до друга.
5.Сипете малку масло во тавата 1-2 см и загрејте го на умерена температура. Ставете ги стапчињата од компир во маслото и пржете ги на средна топлина додека да поруменат од сите страни.
6.Пржените стапчиња ставете ги на чинија обложена со хартиени салветка и се спремни за сервирање. Постапката погледнете ја ОВДЕ.