Ги викаат и “чудо од три состојки”.
Потребни состојки:
1 шолја Нутела или друг чоколаден намаз
1 шолја брашно
1 јајце
Постапка:
Со жица за матење изматете ги Нутелата и јајцето, па постепено додавајте брашно и мешајте додека да се соедини. По желба додадете сечкани јаткасти плодови. Моите имаат ореви, а ставив и една тајна состојка – малку маскарпоне сирење. За целосно совршенство можете да ги полните и со Нутела.
Со лажица црпете од смесата, со раката обликувајте топчиња, сплоснете ги и редете ги на хартија за печење.
Бисквитите печете ги на 180 степени 7 до 10 минути, додека на површината малку да испукаат. Тукушто испечените бисквити се меки, па затоа оставете ги да изладат за да станат крцкави.
И ете, за кратко добивате Нутела бисквити – чудо од три состојки, не може побрзо и поедноставно.