Рецепт и видео презентација на Мои Домашни рецепти: Вкусни и топли колачиња кои брзо се прават.

Се замесува тесто од неколку состојки и веднаш се формираат колачите. Одозгора се премачкуваат со жолчка, се наросуваат со сусам и се печат 15 минути.

Потребни состојки:

125 г путер/маргарин ( ½ коцка)
80 мл масло
1 белка од јајце
1 супена лажица оцет
2 супени лажици шеќер
1 кафена лажичка сол
350 г брашно
10 г прашок за печиво
1 жолчка за премачкување
сусам за наросување

Постапка:

Во подлабок сад ставете 125 г путер омекнат на собна температура, 80 мл масло, 1 лажица оцет, 1 белка од јајце, 2 супени лажици шеќер, 1 кафена лажичка сол.

Изгмечете ги состојките со виљушка или со рака за да се соединат, па додадете просеано 350 г брашно и една кафена лажичка прашок за печиво.

Замесете убаво со рака додека да добиете убаво мазно тесто кое лесно се обликува. Веднаш кинете мали парчиња од тестото, со дланките формирајте топчиња, малку сплескувајте ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Од оваа количина излегуваат 22 топчиња со средна величина. Одозгора секое премачкајте го со разматена жолчка и одозгора наросете ги со сусам.

Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.