Направете вкусни сникерс бомбици кои се топат во уста.
Потребни состојки:
300 г шеќер
100 мл вода
125 г путер/маргарин
200 г бисквити мелени
200 г мелени кикирики
ГЛАЗУРА:
100 г чоколадо
20 г путер/маргарин
3 лажици масло
200 г ситно сечени кикиритки
Постапка:
Се вари водата со шеќер и се додава путерот, па се лади и се додаваат мелените бисквити и кикирики.
Се лади и се обликуваат бомбици.
Се растопува чоколадото со путер и масло, па се ставаат бомбиците во глазурата, а озгора се наросуваат со кикирики.
bukefal.club