БРЗИ ГРИЗ КОЦКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Лесен колач, кремаст, спремен за 20 минути, идеален за секакви пригоди…

Толку лесен и убав колач во кој секој може да се слади без грижа на совест. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар млеко
1 јајце
150 г шеќер
180 г гриз
2 лажици екстракт од ванила
200 г путер
бисквити за подлога

ПОСТАПКА:

Во тенџере измешајте ги јајцето и шеќерот, потоа додајте гриз и измешајте, па малку по малку додајте го млекото додека сè да се изедначи и да нема грутчиња..

Ставете да се готви на тивок оган со непрекинато мешање додека да згусне, Потоа оставете го кремот да се излади.

Додајте екстракт од ванила во кремот и измешајте, а кога ќе се олади соединете го путерот (омекнат на иста собна температура) и пенасто изматете.

Во калапот прво наредете бисквити кратко натопувани во млеко, па сипете го филот и израмнете. Врз него премачкјате шлаг и декорирајте со какао или рендано чоколадо. Постапката погледнете ја ОВДЕ.