Потребни состојки:

280 г мелени бисквити

2 големи банани

40 г рендано бело чоколадо или растопено на пареа + рендано чоколадо за валкање или кокос

Постапка:

Со виљушка испасирајте ги бананите, па промешајте ги со другите состојки и мешајте додека се соединат.

Од смесата кинете и правете топчиња кои потоа ќе ги валкате во рендано бело чоколадо или кокос.

Оставете ги во фрижидер да изладат.

Трите состојки се слатки, но доколку сакате уште посладок вкус- додадете малку шеќер во прав.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: