БРЗИ БАЈАДЕРИ…Без печење, без брашно, без јајца…За 1 минута се топат во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г бисквити,
150 г кикирики,
100 г шеќер,
100 мл вода,
125 г путер,
100 г темно чоколадо.

ЗА ГЛАЗУРА:
100 г темно чоколадо,
2 лажици масло.

ПОСТАПКА:

1.Во блендер сомелете ги бисквитите, а потоа и кикириките, па помешајте ги. По желба можете да додадете и други јаткасти плодови, како измелени бадеми, ореви, индиски ореви…

2.Во тенџере на тивок оган соединете ги шеќерот, водата и путерот, па смесата сипете ја врз сувите состојки и промешајте за да се изедначи.

3.Добиената смеса поделете ја на два дела, а во едниот додајте 100 г растопено чоколадо и промешајте за да се соедини.

4.Оваа чоколадна смеса рамномерно распоредете ја во калап со димензии 21х15 см обложен со хартија за печење (или проѕирна фолија). Добро израмнете и натапкајте.

5.Врз чоколадниот слој распоредете ја втората половина од смесата и повторно израмнете. Одозгора залијте со чоколадна глазура (на пареа растопете го чоколадото со малку масло).

6.Оставете ја бадерата да се стегне прво на собна температура, а потоа во фрижидер најмалку 2-3 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=YGr58ZZBx0c