Брзи банички од кори за баклава…Многу вкусни, крцкави и сочни, одлични за брз, топол појадок…Еве што ви е потребно според рецептот на Мерве:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г млеко
50 мл масло
50 г растопен путер
2 полни лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
сирење по желба
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад ги мешам млекото, маслото и растопениот путер, додавам брашно и прашок за печиво. Не ставам јајца, зашто децата не ми сакаат, ама вие ако сакате можете да додадете. Убаво се меша за да нема грутчиња.
БРЗО И ЛЕСНО…Банички со сирење и готови кори…Исто како да биле месени, никој не забележува разлика…
Земам три кори одеднаш, ги мачкам со смесата (не ги мачкам секоја посебна кора, зашто многу се тенки). Ги филувам со сирење и ги диплам. Секоја баничка одозгора ја мачкам само со путер и ги печам 10-15 минути во загреана рерна на 170 степени.