Американски палачинки по рецептот на Џејми Оливер. Одлични се во слатка, но и во солена варијанта.

Потребни состојки:

1 јајце
1 лажица шеќер
1 шолја (за чај, од 200 мл) млеко
1 шолја брашно
1 лажичка сол
½ прашок за печиво

Постапка:

Со миксер пенасто изматете го јајцето во кое сте додаде една лажица шеќер.

Во смесата додадете шолја млеко и шолја брашно, сол и половина прашок за печиво. Смесата добро изматете ја да нема грутчиња.

На тавата за палачинки ставете неколку капки масло (може и кокосово). За мали палачинки, круговите правете ги од две супени лажици од смесата.

Откако ќе се појават меурчиња, палачинката може да се преврти. На секоја страна е доволно многу кратко да се пече.

Палачинките може да се јадат во слатка или солена варијанта.

Видео рецептот на Џејми Оливер:

Coolinarika.com