Рецепт на Јелена од каналот “Јеца Свашарица” – Брза вечера за топење на салото.
”Здраво на сите. Денес подготвувам брз и здрав оброк за вас кој ги топи масните наслаги и вишокот килограми. Доколку сакате да изгубите тежина на здрав начин, јадете го ова секоја вечер пред спиење и уверете се сами во губењето на вишокот килограми.
Доколку секојдневно го јадете овој оброк, вишокот килограми ќе исчезнат на здрав начин. Овој оброк е полн со здрави и нискокалорични намирници, кои го зајакнуваат вашето тело и имунитет. Слабејте здраво и лесно!” – советува Јелена
Потребни состојки: 1 банана, 1/2 лажичка цејлонски цимет, 1 – 2 лажички мед, 1 лажица чиа семе, 125 мл вода 125 мл млеко, сок од половина лимон.
Подготовка: Во подлабока чинија исечкајте ја бананата на неколку делови. Потоа со виљушка изгмечете ја додека да добиете кашеста смеса од банана. Истото може да го направите во блендер со додавање на сите состојки, но и на овој начин оброкот се подготвува за кратко време.
Потоа додадете половина кафена лажичка цејлонски цимет. Циметот е многу здрава намирница и истовремено е многу важен во подготовка на овој рецепт, бидејќи ги разградува мастите во комбинација со медот.
Додадете една лажичка мед. Секогаш медот консумирајте го и додавајте го во оброците со дрвена лажица. Количината на мед во овој рецепт ја оставаме на вас, доколку сте љубител на слатките оброци, додадете мед по ваша желба и уживајте во неговото слатко задоволство.
Потоа додадете 1 супена лажица чиа семе. Ова семе е богато со протеини кои ќе ве нахранат вас и вашите мускули. Чиа семето има богата хранлива вредност и има неколку придобивки. Може да придонесе за здравјето на кожата и да го спречи воспалението во организмот, ја подобрува дигестијата и помага во процесот на слабеење и придонесува за подобра работа на срцето.
Измешајте ги малку сите состојки во чинијата, а потоа додадете 125 мл ладно млеко и 125 мл вода. Вкупно треба да добиете 250 мл течност. Смесата убаво измешајте ја и соединете ги сите состојки.
Овој оброк е навистина нискокалоричен и идеален за оние кои сакаат да ги намалат своите килограми. Бананата и циметот даваат совршена комбинација, која ќе го подобри вашиот имунитет и ќе ги стопи насобраните масни наслаги. Чиа семето е богато со диететски влакна и ќе ве остави сити во текот на вечерта, а со тоа ќе избегнете вечерно прејадување.
Додека млекото во комбинација со водата ќе го зголеми количеството на мелатонин и во текот на вечерта, веднаш ќе заспиете и ќе имате прекрасен и спокоен сон, а наутро ќе бидете свежи и полни со енергија.
Овој оброк може да го јадете директно од чинијата или да го префрлите во шолја и да го испиете. Јас секогаш го ставам во длабока шолја и го оставам да отсои 15 – 20 минути во фрижидер за чиа семето набубри.
Откога смесата ќе ја извадите од фрижидер ќе забележите дека станала погуста. Тоа се случува бидејќи сите состојки се соединиле добро, а чиа семето набубрило во млекото и водата. На крајот, додадете сок од половина лимон и уште еднаш добро измешајте ја целата смеса. Изедете ја вечерата најмалку 2 часа пред да заспиете.
Лимонот е полн со витамин Ц и е одличен антиоксидант кој се справува со слободните радикали, а воедно во комбинација со медот го зајакнува и штити имунитетот. Познато е дека вечерата секогаш треба да биде лесна и да содржи што помалку калории. А оваа каша е одличен оброк за да го постигнете тоа.
Завршете го денот со еден оброк од оваа вкусна и здрава каша, а вишокот килограми ќе ги стопите во рок од 1 недела. Можеби звучи неверојатно, но оваа каша ќе ги надокнади вашите дневни потреби од витамини, минерали, антиоксиданси и растителни диететски влакна. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.