Рецепт на Драгана Михајловиќ од “Направи сама – Идеја за креативци” – Брза вечера или појадок од стар леб.
Направете експресно брза вечера или појадок од стар леб во тава за пржење. Ова е одлична идеја да го искористите стариот леб и да направите супер вкусна пица без да ја вкучувате рерната. На маса е за 20 минути и вкусот е неодолив. Одлично е за вечера или појадок.
Никогаш не го фрлајте стариот леб, секогаш може да направите неодолива вечера или појадок за многу кратко време, а вкусот е крцкав и не се споредува со купечката пица. Се прави многу лесно, а секогаш кога ќе го заборавам лебот, после неколку дена ја подготвувам оваа вечера која децата ја обожаваат. Одлично се комбинира со чаша јогурт, а состојките на пицата ги бирате вие.
Потребни состојки: неколку парчиња стар леб, 5 јајца, 120 мл млеко, прстофат сол, рендан кашкавал, сувомеснато месо по ваш избор, кечап, 1 домат, малку оригано и 1 лажица масло.
Подготовка: Изматете 5 јајца во длабок сад, изматете ги со маталка, а потоа додадете го млекото и прстофат сол. Соединете ги сите состојки, а потоа земете ги лепчињата стар леб и почнете да ги натопувате во разматените јајца, а потоа и да ги редите во претходно намастено тавче.
Кога ќе ги наредите сите парчиња леб во тавчето, остатокот од јајцата прелијте го врз лепчињата во тавата. Ставете го тавчето на рингла да се пече околу 10 минути, а одозгора поклопете со капак.
Во меѓувреме, исечете го доматот на тенки кругови и подгответе ги останатите состојки. Откога ќе се испече крцкавото лепче, превртете го на спротивната страна во тавчето и на површината која претходно се печеше од долната страна (а сега е горна), размачкајте кечап во рамномерен тенок слој.
Потоа наредете сувомеснати парчиња месо по ваш избор, ставете кисели краставички, маслинки или печурки и наросете рендан кашкавал во поголема количина и на крајот наредете ги парчињата домат.
Повторно поклопете ја смесата со капак и оставете да се пече 5 – 7 минути. Извадете ја пицата од тавчето и послужете ја. Може да направите неколку вакви пици, а состојките прилагодете ги по ваш избор. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.