Ова е салата која сите ја обожаваат. Се приготвува за неверојатно кратко време и превкусна е. Може да се послужи како предјадење во некој декоративен сад, но исто така, може да формираат топки со лажица и да се декорираат со магдонос.




Ако досега не сте ја пробале оваа салата, не го пропуштајте рецептот, запишете си го и кога ќе имате можност направете ја. Потребни ви се само 4 состојки. Ќе бидете воодушевени! Во продолжение прочитајте го и новиот рецепт за сусам салата, кој е достојна замена за руската, а многумина рекоа дека е многу поубава.




РЕЦЕПТ 1 Една СУСАМ САЛАТА набрзинка за сечиј вкус. Одлична салата која се приготвува за многу брзо време, а притоа е ефектна и вкусна, на сите им се допаѓа.

Потребни состојки: 100 г сусам, 250 г шунка, 200 г кашкавал и 400 г кисела павлака

Постапка: сусамот пропржете го неколку минути додека да добие златна боја. Шунката и кашкавалот изрендајте ги и ставете ги во подлабок сад. Пропржениот сусам додајте го во садот со шунката и тука додајте ја и киселата павлака.




Сето убаво промешајте го и оставете малку во фрижидер да излади. Оваа лесна салата од сусам е одлична за секое годишно време, за секој дел од денот и за сечиј вкус. Причитајте го и следниот рецепт за сусам салата кој гарантирано ќе ве освои – кој ја пробал останал воодушевен:




Оваа салата се приготвува за многу кратко време на многу лесен и едноставен начин. Количината е сосем доволна за 10-тина луѓе, но и тоа зависи од капацитетот на желудникот. Понекогаш ја подготвувам само за моите домашни, одлично одговара со печено месо или кифлички.




Потребни состојки: 500 г пченка шеќерец од кознерва, 300 г димен врат, 10-тина кисели краставички, 10 варени јајца, 500 г ситно сирење, 400 г кисела павлака, 200 г сусам, сол по вкус




Постапка: јајцата сварете ги, оставете ги да се оладат во ладна вода, па потоа излупете ги и исечкајте ги на коцкички. Димениот врат исечкајте го исто така на ситни коцкички, како и киселите краставчиња. Пченката исцедете ја од сокот.




Сусамот пропржете го во сува тава без масло, со постојано мешање за да не загори, колку малку да зарумени и да започне убаво да мириса. Оставете го на страна убаво да излади.




Ситното сирење и киселата павлака изматете ги со миксер, а ако сирењето не е солено, тогаш додајте и малку сол, вкусете, па додајте по потреба според вашиот вкус. Само не претерувајте бидејќи и димениот врат и краставичките содржат сол (имајте го и ова во предвид).




Во поголем сад измешајте ги јајцата, димениот врат, пченката, киселите краставички и сусамот. Додајте го изматеното сирење и јајцата, па сета количина добро промешајте ја. Може да оставите една краставичка, едно јајце и малку сусам за декорација.




Потоа, одозгора изрендајте го едното јајце, наросете сусам, исечете ја краставичката на тенки лентички и распоредете. Ова и не мора да го правите, единствено ако имате пет минути вишок време. Добро изладете ја салатата и послужете ја, ќе уживате во вкусот.