БРЗА РЕСАНА ТОРТА…СЀ Е ГОТОВО ЗА 15 МИНУТИ…Вкусен колач кој често ќе го правите…Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 јајца
225 г шеќер
270 мл млеко
450 г брашно
8 г ванилин шеќер (1 кесичка)
1.5 лажичка прашок за печиво (речиси една кесичка)
300 г јафа/ресана колачи со полнење од портокал
За глазура:
200 г чоколадо
200 мл слатка павлака
ПОСТАПКА:
1.јајцата пенасто изматете ги со шеќерот, рачно или со миксер.
2.Додајте го млекото и изедначете, а потоа додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и ванилата.
3.На дното од плех со средна големина и обложен со хартија за печење, наредете ресана/јафа кекси со чоколадниот дел свртени нагоре.
4.Врз кексите излејте ја приготвената смеса и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 минути околу 35-40 минути.
5.Течната павлака загрејте ја на ниска температура и залијте го чоколадото искршено на коцки или изрендано. Мешајте додека да се растопи и изедначи, па прелијте ја печената и малку подизладена торта. Постапката погледнете ја ОВДЕ.