Ова е стар народен рецепт:
Штом ги почувствувате симптомите на циститисот (потреба за често мокрење со пецкање и болки при мокрењето), применете го следниот рецепт, кој ќе ве опорави за само 15 минути.
Потребни состојки:
-Кантарионово масло
-Подебела книжна салветка
-Пластично шише со топла вода
Постапка:
Хартиената салветка намачкајте ја со кантарионово масло и ставете ја како облога меѓу нозе.
Потоа, наполнете пластично шише со топла вода.
Легнете, раширете ги нозете и ставете го пластичното шише меѓу нозе, така да ви ја грее целата облога.
Добро покријте се и останете да лежите околу 15 минути.
Ќе почувствувате големо олеснување, а непријатните симптоми од циститисот ќе исчезнат.