Питата е многу едноставна и брзо се приготвува. По вкусот наликува на качапури, но само без тесто. Одлично за брз појадок или вечера.
Потребни состојки: 100 г рендан кашкавал, 2 јајца, 2 лажици кисела павлака, сол по вкус, 1-2 лажички копар, 50 г брашно, една рака спанаќ, блитва… малку масло и нелеплива тава дијаметар 24-26 см
Постапка: Во подлабок сад со жица соединете две јајца и две лажици кисела павлака. Малку посолете. Потоа додадете 100 г рендан кашкавал и промешајте. Зачинете со 1-2 прстофати копар, промешајте убаво, па започнете постепено да го додавате брашното.
Кога смесата ќе се изедначи, излејте ја во нелепливо тавче, претходно малку намастено. Печете на умерен оган 3-5 минути, на рингла под капак. Превртете и испечете и од другата страна исто толку време или додека убаво да зарумени.
Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ и ОВДЕ.