Потребни состојки:

400 г кекси

150 г турски кекс

500 мл млеко

2 пудинзи со вкус на карамел

125 г путер/маргарин

150 г шеќер

50 г бело чоколадо

50 г црно чоколадо (или 3 лажици чоколадо во прав)

Постапка:

Ставете го млекото да проврие а во него додадете го пудингот со шеќерот.
Варете со постојано мешање до саканата густина.
Во врелиот пудинг додадете го белото чоколадо.

Филот изладете го па додадете го изматениот маргарин.
Филмот поделете го на два дела: во едниот додадете истопено црно чоколадо или 3 лажици чоколадо во прав.

Филување:

Редете го кексот натопен во некој сок, па бел фил, па црн фил… па ред кекси, па повторно бел фил, црн фил и на крај, по желба, преку целиот колач нанесете црн фил и растопено чоколадо. Декорирајте по желба.