Рецепт и видео на Бригита Хусиќ – Лења Пита на брзина. Драги мои, ова е брзо, побрзо не може; вкусно, а повкусно не може; едноставно, а поедноставно не може. Можеби многумина ќе се потсетат на овој рецепт од детството, пробајте, ќе се воодушевите.
Потребни состојки: 500 г ситно солено сирење за пити, 5 јајца, 500 г кисела павлака (или густ јогурт), 500 г крем сирење (неутрално, несолено), 1 прашок за печиво, 2 мали шолји за кафе масло, 8 полни лажици брашно, 4 полни лажици пченкарно брашно и сол по потреба
Постапка: Во еден сад измешајте ги двете брашна со прашокот за печиво. Соленото сирење ситно издробете го, па во него додадете го јогуртот и крем сирењето. Промешајте убаво да се изедначи, вкусете, па по потреба додадете сол.
Во добиената смеса додадете го маслото и брашното, па убаво промешајте со лажица. Кога ќе се соедини смесата додадете 5 јајца и уште еднаш убаво промешајте до хомогенизирање.
Рерната добро загрејте на 200 степени а тепсијата (30 см) намастете ја со масло и ставете ја во рерната и таа да се загрее (3-4). На овој начин, кога смесата ќе се излее врз загреано масло, питата нема да се залепи.
Значи, излејте ја смесата во загреана тепсија и израмнете добро. Вратете во рерна да се допече на 200 степени (на подолната решетка) додека убаво да зарумени, околу 40 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: