БРЗА ФАНТА ТОРТА ГОТОВА ЗА ПОЛОВИНА ЧАС…Освежителна, се топи во уста…со крем банани и желе бонбони…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г бисквити
2 литри фанта сок
4 кесички пудинг од ванила (4х40 г)
10 лажици шеќер
2 коцки маргарин (2х250 г)
200 г крем банани
200 г желе бонбони

ПОСТАПКА:

1.Наредете ги бисквитите на дното од калапот (големина по желба). Бисквитите кратко натопувајте ги во фанта сок.

2.За фил: 4 пудинзи сварете ги во 1 литар фанта сок и 10 лажици шеќер. Посебно изматете го омекнатиот маргарин со 400 г шеќер во прав и смесата поделете ја на два дела.

3.Во првиот дел ставете 200 г сечкани крем бананчиња, а во вториот желе бонбони. Филувајте преку бисквитите и декорирајте со шлаг по желба.