Брз топол појадок без напор…Без месење, само измешајте и испечете…Сите ќе мислат дека питата е купечка…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
30 г квасец
250 мл млака вода
500 г брашно Т400 +-50 г
100 мл јогурт
200 мл масло
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
2 јајца
оригано, сусам
150 г шунка
150 г кашкавал
ПОСТАПКА:
Во топлата вода растворете го квасецот со лажица шеќер и 6 лажици брашно. Оставете 15 минути за да се активира, па додајте масло, јогурт, 1 јајце, 1 белка, сол и започнете постепено да го додавате брашното.
Мешајте со лажица додека да добиете изедначено меко и влажно тесто кое се тегне како ластик.
Оставете го покриено да ферментира додека да го удвои волуменот, околу 1 час. Потоа тестото сипете го во намастена тепсија 30 см и со намастени раце распоредете ја, а со прстите направете неколку кругови за да добие облик на вртена пита.
Едното вдлабнување наполнете го со рендан кашкавал, а другото со рендана шунка. Можете да ставите и ситно сирење, спанаќ или нешто друго по ваш вкус.
Одозгора премачкјате со жолчка помешана со лажичка масло и посипете сусам, оригано или семки по желба. Питата оставете ја 15 минути додека се загрева рерна на 200 степени.
Печете ја 30 минути, а потоа исклучете ја рерната и оставете ја уште 10 минути со исклучена рерна. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/-POBX4uwPVQ?si=AFcShXhyGGqGdTlB