БРЗ, СТАРИНСКИ КОЛАЧ НА ЧАША…Измати и излеј варијанта со гриз и јаболка…

Овој брз, старински колач со исклучително добар вкус, можете да го приготвите со состојки кои главно ги имате дома. Наместо сечкани ореви може да ставите суво грозје или нешто слично што ви се наоѓа при рака.

Може да го наросите одозгора со ореви или кокос, но и рендано чоколадо одлично се сложува со вкусовите. Рецепт и видео презентација на “Да Готвиме Лесно” – Брз колач со јаболка, мерки на чаша.

Потребни состојки (се мери со чаша од 200 мл):

2 јајца,
1 чаша шеќер,
1 чаша гриз,
1 чаша мелени ореви,
1 чаша млеко,
½ чаша масло,
2 јаболка со средна величина (исчистени, изрендани),
2 лажици брашно,
1 прашок за печиво,
½ чаша сечкани ореви (суво грозје или др) и
5-6 лсжици џем за премачкување на печениот колач.

Постапка:

Двете јајца со една чаша шеќер изматете ги со жица за матење. Убаво изматете додека да побелат, па потоа додајте една чаша гриз. Промешајте, па додајте една чаша мелени ореви. Промешајте па додајте една чаша млеко и половина чаша масло.

Убаво соединете, па додајте претходно исчистени и крупно изрендани јаболка со средна големина.

Додајте и две лажици брашно и еден прашок за печиво. Убаво соединете ја смесата. На крај додајте по желба половина чаша ореви или суво грозје (тоа е приближно 80-100 г).

Добиената смеса излејте ја во плех (22х32 см) претходно намастен и набрашнет и печете во загреана рерна на 200 степени, околу 35-40 минути или додека да се одвои од ѕидовите на плехот. Проверете со чепкалка.

Печениот колач премачкајте го со 5-6 лажици џем. Одозгора посипете мелени ореви, кокос, чоколадо или нешто по ваш вкус. Изладете и сечете на коцки или штангли. Деталите околу приготвувањето погледнете ги во видеото ОВДЕ.