БРЗ СЛАДОЛЕД СЕНДВИЧ…Кокос коцки за кои не ви треба рерна, а за подготовка ќе потрошите само 5 минути…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чаши млеко (400 мл)
2 кесички шлаг од 150 г
1.5 чаши кокос (100 г)
24 бисквити
За глазура:
80 г чоколадо

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете ладно млеко и двете кесички шлаг, па матете со миксер 5 минути или додека да добиете густ шлаг.

2.Додајте 1,5 чаши кокос и измешајте со лажица или шпатула.

3.Половина од бисквитите наредете ги на дното на калапот (не треба претходно да ги натопувате во млеко).

4.Одозгора рамномерно распоредете го шлагот и израмнете. Врз шлагот наредете ја втората половина бисквити, но внимавајте да бидат наредени во ист правец.

5.Оставете го 2 часа во замрзнувач. Потоа извадете го и оставете го 20 минути на собна температура за полесно да ги исечете парчињата.

Одозгора декорирајте ги со растопено чоколадо и послужете. Колачот може да се чува во фрижидер или во замрзнувач. Постапката погледнете ја ОВДЕ.