БРЗ СЕНДВИЧ СЛАДОЛЕД ОД 3 СОСТОЈКИ…Многу вкусен десерт за секој ден…Еве што ви е потребно за овој вкусен колач-сладолед:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 мл слатка павлака за шлаг
200 г кондензирано млеко
бисквити (12+12)
ПОСТАПКА:
1.Изматете ја ладната слатка павлака во шлаг, па додајте го кондензираното млеко и матете уште кратко за да се соедини.
*Ако имате време оставете го кремот во замрзнувач 1 час, па пак изматете го. Овој чекор не е задолжителен.
ОВОШНИ ЈОГУРТНИ КОЦКИ…Готови за 15 минути
2.Наредете ги бисквитите во калап, сипете го кремот и израмнете, а одозгора поклопете со уште еден ред бисквити.
3.Оставете во замрзнувач 5 часа, па сечете и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.