„Пилешко фрикасе“ е брза француска пилешка чорба направена од пржени батаци во кремаст сос со бели печурки. Рустикален оброк во семеен стил кој е доволно лесен да се пригутви и преку работната седмица.
Месото е многу вкусно и сочно, а исто и сосот. Пред неколку дена го готвев ове јадење кога „налетаа“ едни пријатели, па толку им се допадна што буквално и чиниите ги излижаа. Ве уверувам, нема да се покаете доколку го приготвите ова јадење. Еве што ви е потребно:



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 батаци и карабатаци со кожа, 1 лажичка сол, 1/2 лажичка црн пипер, 4 супени лажици несолен путер (60 г), 300 г печурки, 2 главици кромид (со средна големина), 2 чешниња лук, 1 ловоров лист, 3 гранчиња мајчина душичка, 3 лажици брашно, 1/2 чаша бело вино, 3 чаши пилешки бујон (или вода со растворена коцка за супа), сол, црн пипер, 2 лажици ситно сечкан магдонос, 2/3 чаша неутрална течна павлака
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Месото измијте под млаз ладна вода, исцедете го и избришете го со хартиени салветки, да не е влажно. Потоа посолете го и запиперете го.

![]()
![]()
![]()
![]()

Во голема тава (или тенџере со капак) растопете го путерот на умерен оган. Најпрво ставете ги карабатаците со кожата свртени надолу и пржете ги 4-5 минути додека убаво да заруменат, а потоа свртете ги и на другата страна и пржете ги пократко, околу една минута. Извадете ги во чинија.
![]()
![]()
![]()
![]()
Следно испржете ги батаците. Нив потребно е да се запржат од сите три или четири страни, по две минути од секоја, за да бидат рамномерно заруменети. Потоа и нив извадете ги во чинијата.

![]()
![]()
![]()
![]()

Во истиот путер ставете да се запржат кромидот (исечен крупно или ситно) и печурките, додајте го ловорот и мајчината душичка. Гответе околу пет минути додека печурките да заруменат. Потоа додајте го лукчето и мешајте половина минута, па додајте го брашното и запржете го околу една минута.

![]()
![]()
![]()
![]()

Потоа додајте го виното и пилешката супа (бујон) и промешајте, но овојпат истругајте го дното да излезе и оној закоравениот слој од сосот. Кога ќе почувствувате дека лажицата лесно лизга по дното, вратете го прженото месо и потопете го во сосот, со кожата нагоре. Поклопете со капак и варете 10 минути.

![]()
![]()
![]()
![]()

Штом зоврие, прилагодете ја температурата да крчка на умерено. Потоа тргнете го капакот и оставете да крчка уште 20 минути без капак. За ова време пилешкото треба да биде зготвено. Внимателно извадете го за да можете да го приготвите сосот.

![]()
![]()
![]()
![]()

Додајте ја неутралната течна павлака и промешајте. Потоа вкусете и потреба посолете или додајте уште зачини по вкус. Вратете го пилешкото и тргнете го садот од шпоретот. одозгора наросете со ситно сечкан магдонос. Послужете со компир пире или кратки тестенини. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.


































