Home Десерти Брз рецепт за вкусна кремпита…Се топи во уста…Детално објаснет рецепт…

Брз рецепт за вкусна кремпита…Се топи во уста…Детално објаснет рецепт…

Брз рецепт за вкусна кремпита…Се топи во уста…Детално објаснет рецепт…За сите љубители на кремасти колачи, ова е најдобриот рецепт за кремпита.

Потребни состојки:

7 жолчки
7 лажици шеќер
7 лажици млеко
7 лажици масло
7 лажици брашно
на врв од нож прашок за печиво

за крем:

4 пудинг од ванила
1 литар вода
300 г шеќер
7 белки
1-2 лажици шеќер

за украсување:

200 г шлаг
350 мл млеко
рендано чоколадо

Постапка:

Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот, па со лажица додајте ги останатите состојки, промешајте да се изедначи и смесата излејте ја во намастен долгнавест плех.

Димензиите на плехот се 22х33 см со длабочина од 4,5см. Кората печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 10-15-тина минути, но внимавајте да остане жолта.

Од еден литар вода одземете малку и растворете 4 пудинзи, а остатокот од водата заедно со 300 г шеќер ставете да проврие во подлабок сад, па сварете го пудингот со постојано мешање додека да згусне.

Садот мора да биде длабок, зашто тука ќе се додадат и белките, па се добива голема количина на крем.

Тргнете го пудингот од оган и веднаш додека е врел додајте го претходно изматениот снег од белки во кој сте додале 1-2 лажици шеќер. Нежно соединете ги со жица за да се соединат.

Немојте да мешате пребрзо и пресилно, треба да остане воздушесто. Може да ги соединете и со миксер, некогаш така правам па излегува пак супер. Вие правете како ви е полесно.

Додека е врел кремот разлејте го врз врелата кора и израмнете со шпатула. Оставете да излади и да се стегне, па потоа премачкајте го со изматен шлаг, или исечете коцки па потоа украсете со шлаг и рендано чоколадо.

Оставете во фрижидер добро да се излади пред послужување.

Колачот се приготвува многу брзо, бидејќи сѐ се прави додека кората и кремот се врели. Еве го точно редоследот по кој јас го приготвувам овој колач:

-прво ги мерам сите состојки и ги подготвувам

-ја вклучувам рерната и додека таа се загрева ја матам кората и ја излевам во плех

-ја вклучувам ринглата за пудинг и додека водата да проврие, ги матам белките

-во меѓувреме ја ставам кората да се пече, а за тоа време го варам пудингот

-ја вадам кората, го соединувам пудингот со белките и веднаш го излевам кремот на топлата кора.

-И тоа е тоа, многу едноставно!