Брз посен колач, многу сочен и вкусен, ако сакате нешто набрзина, ова е колач за 10-ка…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
200 мл масло
200 мл газирана вода
200 мл сок по избор
50 г рендано чоколадо
175 г шеќер
100 г џем од кајсија или портокал

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги сокот, газираната вода и шеќерот, па додека непрекинато мешате додајте го маслото, а потоа и брашното помешано со прашок за печиво. Измешајте да нема грутчиња.

2.Во тестото додајте рендано чоколадо и промешајте. Смесата излејте ја во калап 20х30 см обложен со хартија за печење.

3.Печете во загреана рерна на 180 степени, 25 минути.

Оставете да се олади па премачкјате го со џем и посипете го со рендано чоколадо. Можете веднаш да го послужите. Постапката погледнете ја ОВДЕ.