Брз плазма ролат со банани…Без печење за 5 минути е готов, а користам и едно мало трикче…Сите го бараат овој рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За основа:
350 г мелени бисквити
150 г растопен путер
150 г нутела
3-4 лажици топло млеко или слатка павлака
За фил:
250 мл ладна слатка павлака
100 г шеќер во прав или по вкус, може помалку
100 г кокос
1-2 банани
За бел шарен слој:
50 г ладна слатка павлака
1/2 лажичка инстант желатин
80 г бело чоколадо
За кафеав слој:
60 г ладна слатка павлака
1/2 лажичка инстант желатин
100 г црно чоколадо
ПОСТАПКА:
Измешајте бисквити, растопен путер и нутела, па полека додајте малку млеко за да добиете смеса со конзистенција на влажен песок. Смесата распоредете ја врз парче проѕирна фолија во вид на правоаголник. Оставете во фрижидер 30 минути.
Изматете ја павлаката во шлаг и засладете по желба, па додајте кокос и промешајте. Смесата распоредете ја врз кората, а на едниот крај ставете ги бананите. Со помош на фолијата свиткате го ролатот и оставете го во фрижидер 30-40 минути.
Помешајте ладна павлака со желатин и оставете 5 минути да набабри. Додајте го белото чоколадото и растопете ги заедно. Парче најлонска фолија соберете ја во набори и сипете го белото чоколадо.
Потоа отворете ја фолијата да се исправи и да се направат шари. Оставете 5 минути да се олади. Повторете ја постапката и со црното чоколадо, распоредете го рамномерно врз белото и оставете 10 минути во фрижидер.
Извадете го ролатот и свиткајте го во шареното чоколадо. Повторно завиткајте го во фолија и оставете да се олади 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/foAICApi3Ug?si=Uj2rMgnMoFkogbHE