За овој брз леб со пиво потребни ви се 2 или 3 минути. Останатото го завршува рерната. Неодолив е онаков топол и мирисен во комбинација со сиренце…
Испробав повеќе рецепти за леб со пиво, но овој убедливо е најдобриот!
Кога го приготвувам овој леб, најпрво ја вклучувам рерната па дури потоа ги мерам состојките, двапати вртам со лажица и истурам во плех.
Некогаш лебот е готов за печење а рерната сè уште не е загреана. Лебот е навистина добар со крафт пиво.
Користам какво имам, ама да знаете дека секое различно пиво си остава свој посебен печат на лебот.
Потребни состојки:
3 шолји од 250 мл брашно тип 400
1 прашок за печиво 10 г
2 лажици мед
1 лажичка сол
1 пиво од 330 мл по желба
50 г путер
Постапка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Обложете го плехот со димензии 30х11 см со хартија за печење.
Во вангла ставете брашно и сол, па додадете прашок за печиво, мед и пиво. Измешајте со лажица неколку пати за да се соединат состојките.
Тестото префрлете го во приготвениот плех. Путерот исечкајте го на листови и наредете го по површината на лебот.
Ставете да се пече во загреана рерна околу 35-40 минути, додека површината на лебот да стане златно-жолтеникава.
Напомена: топлиот леб тешко се сече, но тешко е да му одолеете. Кога ќе излади, нема проблем со сечењето.