Брз кремаст десерт со овошје…Многу вкусен и освежителен, се топи во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 120 мл):
За бел крем:
1 л млеко
1 чаша гриз
1 чаша шеќер
За овошен крем:
500 г вишни (или овошје по избор)
1 чаша шеќер (или по вкус)
2 супени лажици скроб
1/2 мала чајна чаша вода (60 мл)
ПОСТАПКА:
1.Во тенџере ставете ги млекото, гризот и шеќерот, па варете на тивок оган додека да згусне. Сипете го во калапот кој претхпдно сте го натопиле со ладна вода.
2.Во тенџере сипете ги вишните, додајте шеќер, а настрана измешајте 2 лажици скроб со половина чајна чаша вода, па сипете го и сето заедно варете го на тивок оган додека да се згусне.
3.Овошната смеса сипете ја врз гризот, распоредете рамномерно и оставете да се олади прво на собна температура, а потоа и во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.