БРЗ КОЛАЧ СО СМОКВИ…Измати, испечи и преврти…
Најдобриот колач што можете да го подготвите со смокви.
Искористете ги предностите додека трае сезоната за да ја пробате оваа исклучително вкусна и сочна торта.
Се приготвува брзо и за нејзина подготовка можете да користите секаков вид смокви, само изберете ги оние кои не се премногу меко-зрели. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 26 или 28 см):
смокви за покривање на дното на калапот
За карамел:
170 г шеќер
5 лажици вода
1 прстофат сол
За бисквитот:
130 г путер или маргарин, на собна Т
150 г бел или 200 г кафеав шеќер
3 јајца
150 г цврст јогурт или кисела павлака
80 мл млеко (6 лажици)
200 г брашно, по можност остро
2 лажички прашок за печиво
10 г ванилин шеќер – 1 кесичка
по желба 1/2 лажичка мелен ѓумбир или малку рендана кора од лимон
ПОСТАПКА:
1.Измиените смокви исчистете ги, исечете ги на половини и распоредете ги на дното од калапот 28 см, обложен со хартија за печење. Ако калапот има флаксибилен обрач, поставете под него плех во рерната за да не ви капе карамелот.
2.За карамел сипете ги состојките во широка тава и растопете го шеќерот додека да добие карамел боја. Внимавајте да не ви прегори. Веднаш прелијте го преку смоквите да ги пополни празнините помеѓу нив.
Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.
3.За бисквит: путерот пенасто изматете го со шеќерот, па едно по едно додавајте ги јајцата додека матите со миксерот. Потоа додајте го јогуртот и млекото, па соединете со лажица или шпатула.
4.Измешајте го брашното со прашокот за печиво и сипете го во смесата. Потоа додајте ванилин шеќер и по желба ѓумбир или рендана кора од лимон. Соединете со миксер, да нема грутчиња.
5.Смесата сипете ја преку смоквите и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути и уште околу 7-8 минути на 150 степени.
Печениот колач оставете целосно да се олади, па потоа одвојте го од калапот и хартијата и превртете го, а можете и веднаш, топол да го послужите со топка сладолед. Постапката погледнете ја ОВДЕ.