Многу вкусен а едноставен колач кој брзо се приготвува.
Потребни состојки: 325 г сенаменско брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, 100 мл масло, 250 мл кефир или јогурт, 125 г шеќер, 3 јајца, 15 сливи +- и шеќер во прав замирисан со ванила
Постапка: Во еден поголем сад просејте го брашното заедно со прашокот за печиво и додадете шеќер, па убаво со жица за матење промешајте да се изедначи. Во друг помал сад ставете јајца, додадете масло, кефир и ванилин шеќер, па изматете со жицата за да се изедначи.
Во помал калап со величина 32х20 см обложен со хартија излејте ја смесата. Измиените сливи (може и праски) преполовете ги, извадете им ги семките и наредете ги преку тестото. Ако сакате може и малку да ги притиснете во тестото кое е доста густо и сливите нема да пропаднат до дното.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути, колачот треба да зарумени одозгора, но не премногу. Пробајте со чепкалка дали е печено. Печениот колач извадете го од рерна и оставете кретко да излади, па извадете го заедно со хартијата и оставете го на жица целосно да излади.