Потребни состојки за слој 1:
2 чаши (од 200 мл) шеќер
2 чаши вода
125 г путер/маргарин
200 г кокос
100 г чоколадо
250 г мелени бисквити
1 лист обланда
200 г биксвити
За слој 2:
100 г шеќер
50 мл вода
100 г чоколадо
125 г путер/маргарин
200 г мелени ореви
200 мл сок од портокал
За глазура:
150 г чоколадо
5 лажици масло
Постапка:
Слој 1: на оган ставете шеќер и вода додека да се растопи шеќерот, па додадете путер и чоколадо и тие да се растопат. Тргнете од оган и додадете кокос и мелени бисквити.
Добро измешајте и смесата нанесете ја врз еден лист обланда. Преку смесата наредете бисквити претходно малку натопени во сок од портокал.
Слој 2: Ставете на оган шеќер и вода додека шеќерот да се растопи, па додадете путер и чоколадо и тие да се растопат. Тргнете од оган и додадете мелени ореви.
Смесата добро промешајте ја и нанесете ја врз бисквитите. Оставете да излади па нанесете ја глазурата од чоколадо.