БРЗ КОЛАЧ СО МЕРКИ НА ЧАША…Мек и многу вкусен, за секој ден…Се мери со обична чаша од 200 мл. Едноставен и брз рецепт кој треба да си го запишете. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша масло
1 чаша млеко
1 кесичка прашок за печиво 10 г
1 кесичка ванилин шеќер 5 г
2.5 чаши сенаменско брашно (275 г)
1 чаша мелени бадеми/лешници/ореви (75 г)
1 чаша брусница/суво грозје/овошје по избор
шеќер во прав за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад скршете ги јајцата и изматете ги со жица, заедно со шеќерот. Штом шеќерот се растопи додајте го маслото и млекото, па продолжете со мешање уште 2 минути.

2.Додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и ванилин шеќер. Мешајте со жицата 3 минути додека целосно да се соедини и да нема грутчиња.

3.Потоа додајте ги мелените бадеми и промешајте.

4.На крај додајте ја брусницата и повторно промешајте.

5.Смесата сипете ја во калап 24 см обложен со хартија за печење и одозгора посипете уште малку брусница.

6.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.