БРЗ КОЛАЧ СО МАК…Готов за неколку минути…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
3 јајца
200 г шеќер
100 мл масло
150 мл млеко
150 г брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
150 г семе од афион / мак

За премачкување: 3 лажици џем
За чоколадна глазура растопете на пареа:
100 г чоколадо
80 г путер/маргарин
3 лажици шеќер во прав
3 лажици вода

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат, па сипете го маслото и млекото и на крај помешаните суви состојки. Соединете со миксер и смесата сипете ја во плех обложен со хартија. Печете 35 минути во загреана рерна на 180 степени.

Печениот бисквит премачкјате го со џем и оставете го да се олади, а потоа прелијте со чоколадната глазура и оставете целосно да се олади и стегне. Постапката погледнете ја ОВДЕ: