Многу вкусен колач, брзо се приготвува и не е многу скап.

Потребни состојки:

350 г петит бисквити или по ваша желба
700 мл вода
300 г шеќер
4 пудинг од ванила
1 кг исчистени јаболка

за глазура:

3 штангли чоколадо за готвење
3 лажици масло

Постапка:

Јаболката излупете ги и исечете ги на коцкички. Потоа јаболката ставете ги во големо тенџере, налијте 600 мл вода и додадете шеќер, па варете околу 10 минути додека малку да омекнат.

За тоа време пудингот разматете го во 100 мл вода и истурете го во јаболката. Непрекинато мешајте додека да добиете густ крем.

Во мала правоаголна тепсија наредете бисквити, па преку нив излејте го филот уште додека е топол. Преку филот наредете повторно слој од бисквити.

За глазура: растопете го чоколадото заедно со маслото на тивок оган или на пареа. Прелијте ја глазурата преку колачот, па оставете го во фрижидер добро да се стегне. Потоа сечете на коцки и послужете.