Брз колач со јаболка, мерки на чаша…Многу кусен колач со ореви. Ако сакате да биде посен, наместо млеко користете газирана вода или сок…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл, плех 20х30 см):
2 чаши брашно
1 чаша шеќер
1 чаша ситно сечкани ореви
10 г прашок за печиво
1 чаша масло
1 чаша млеко
3-4 јаболка
За премачкување:
2 лажици џем од сливви или кајсии
50 г мелени ореви
Се пече 40 минути на 200 степени
ПОСТАПКА:
1.Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Во подлабок сад со лажица измешајте брашно, шеќер, прашок за печиво и сечкани ореви. Потоа додајте масло и млеко и повторно измешајте, да нема грутчиња.
2.Јаболката изрендајте ги и додајте ги во смесата, па добро промешајте. Смесата сипете ја о намастен и набрашнет плех 20х30 см.
3.Израмнете и печете во загреаната рерна приближно 40 минути (проверете со чепкалка, треба да излезе сува). Додека е топол колачот премачкјате го со џем и посипете го со мелени ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/nAgoOZEhMO8?si=QSFI9uGBaGot3V0Y