Брз колач од јаболка и портокал…Одамна не сум пробала нешто вака меко и вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи мала чајна чаша од 120 мл и чаша од 200 мл)

За овошни топки:
6 јаболка, рендани
1 мала чајна чаша сок од портокал, рендана кора
1 мала чајна чаша шеќер, може и помалку, по вкус
6 и пол до 7 пакувања какао бисквити (околу 700 г, по потреба)
1 мала чајна чаша ореви (крупно мелени или сечкани)

ЗА ПУДИНГ:
3 лажици брашно
2 супени лажици скроб
1 чаша шеќер, може и помалку, по вкус
1 литар млеко
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажица путер

ПОСТАПКА:

Изренданите јаболка издинстајте ги со шеќерот, сокот од портокал и ситно ренданата кора, па кога ќе испари вишокот течност, оставете настрана да се подизлади.

Додајте ореви и со постепено додавање на мелените бисквити замесете меко тесто кое лесно се обликува со рака. Дланките навлажнете ги со вода, црпете од смесата и обликувајте 24 топчиња. Наредете ги во соодветен сад и оставете ги во фрижидер.

Измешајте ги шеќерот, брашното и скробот со малку млеко, па додајте го остатокот од млекото и на умеренат температура сварете го кремот со непрекинато мешање. на крајот додајте ги ванилата и путерот.

Со кремот залијте ги топчињата, екорирајте со фстаци и зрна од калинка, па оставете 3-4 часа во фрижидер пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ