Брз колач кој се приготвува за помалку од 10 минути – без готвење, без печење, многу лесно. Фото и рецепт: Ренци.
„Овој колач едноставно ме воодушеви. И благодарам на тетка ми Бранка за овој прекрасен и супер брз рецепт. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
400 г петит бисквити (или по избор),
300 г јафа кекси (ресана),
500 мл јогурт,
200 мл кисела павлака,
8 лажици шеќер,
1 кесичка ванилин шеќер и
500 мл слатка павлака за шлаг
Постапка:
1.Исечкајте ги или искршете ги со раце бисквитите. Нека бидат на поголеми парчиња.
2.Во посебен сад измешајте јогурт (може ако сакате да ставите овошен јогурт по вкус), кисела павлака, шеќер и ванилин шеќер.
3.Прелијте ги искршените бисквити, а можете и директно врз низ да ги ставате состојки. Убаво промешајте и оставете 1 минута. За кратко време бисквитите ќе ја впијат течноста.
4.Оваа прекрасна по вкус смеса можете да ја обликувате со раце во форма по ваша желба или да ја ставите во калап.
5.Оставете го колачот во фрижидер за добро да се излади и да се поврзат состојките. Најдобро е преку цела ноќ или најмалку 4-6 часа.
По желба, пред да го нанесете шлагот, можете да наредите сечкани банани или смрзнато шумско овошје, но не мора.
Ова е основниот рецепт, а вие можете да додавате по желба и да го приспособите според вашиот вкус.
Изматете слатка павлака како шлаг и по желба додајте малку шеќер или ванилин шеќер, но нема потреба бидејќи самиот колач е сладок од бисквитите.
Украсете го колачот и добро изладете го пред послужување. Се сече супер и има предобар вкус. Тортата навистина се приготвува додека трепнеш.