Значи за сите љубители на кремасти колачи! Нема подобар од овој!
Потребни состојки:
250 г бисквити за подлога
за бел крем:
1 литар млеко
5 големи лажици шеќер
7 до врв полни лажици гриз пченичен
2 ванилин шеќер
4 белки
За жолт крем:
1 литар млеко
2 пудинг од ванила
6 големи лажици шеќер
4 жолчки
500 мл слатка павлака за шлаг (изматена) или 3 шлаг пени изматени со вода
Постапка:
Во тепсија 35х20 наредете бисквити. Од величината на тепсијата ќе ви зависи и висината на колачот. За плехот од рерна ќе ви бидат потребни повеќе бисквити, но колачот ќе ви биде понизок.
Во еден литар млеко сварете го гризот со 5 лажици шеќер, а на крајот во врелата смеса измиксајте снег од 4 белки, исто како за кремшнити. За да биде снегот што поцврст одвојте две лажици шеќер додека ги миксате белките.
Сварениот гриз излејте го врз бисквитите.
Во вториот литар млеко сварете ги пудинзите кои претходно ги измативте со малку млеко, шеќер и жолчки. Врелиот пудинг излејте го врз гризот.
Кога ќе излади, премачкајте одозгора со изматениот шлаг и декорирајте со рендано чоколадо или разнобојни трошки.
За секојдневна употреба не мора толку да се украсува, а за турбо разладување може да го ставите во замрзнувач. Инаку, регуларно треба да отстои неколку часови во обичен фрижидер или најдобро преку ноќ.