БРЗ ИТАЛИЈАНСКИ КОЛАЧ..Толку е вкусен што веднаш сиот се јаде…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
120 г шеќер
120 мл млеко
120 мл сончогледово масло
200 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
60 г ореви

За фил:
800 мл млеко
2 жолчки
20 г ванилин шеќер
5 лажици шеќер
4 супени лажици пченкарен скроб
2 лажици путер
60 г бело чоколадо
+ 100 мл млеко

ПОСТАПКА:

1.Јајцата пенасто изматете ги со шеќер и ванила додека да згуснат и станат кремасти. Потоа додајте ги млекото и маслото и матете уште кратко за да се изедначи.

2.Потоа мешајте со рачна жица-маталка и додајте го брашното, прашокот за печиво и на крај мелените ореви.

3.Добиената смеса излејте ја во големиот плех од рерна, обложен со хартија за печење. Кората печете ја во загреана рерна на 180 степени, 25 минути.

4.Кога ќе се олади пресечете ја на два дела, да добиете две кори 20х30 см, а остатокот (од крајчињата) изронете ги за да добиете трошки за декорација.

5.Едната кора ставете ја во обрач и полијте ја рамномерно со 50 мл млеко.

6.За фил: во тенџере измешајте млеко, жолчки, ванила, шеќер и скроб, па ставете на оган и варете со непрекинато мешање додека да згусне како пудинг.

7.Врелиот крем тргнете го од оган и додајте путер и бело чоколадо, па мешајте додека сето да се растопи и соедини.

8.Половина од кремот распоредете врз првата кора, ставете ја втората кора, полијте ја со остатокот од млекото и одозгора распоредете го остатокот од филот.

9.Сипете ги трошките за декорација и оставете ја тортата во фрижидер 3 часа. На здравје сладење за сите што ја испробаат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.