Потребни состојки:

3 кори лиснато тесто

3 пудинг од ванила

1,5 литар сок од вишни

1 литар слатка павлака

5 лажици шеќер

1 пакување вишни

Постапка:

Корите развлечете ги на голем плех и избоцкајте ги со виљушка, па стеве да се печат. Постапката треба да ја повторите трипати за да добиете три кори.

Во сокот од вишни сварете го пудингот од ванила, па на крајот додадете ги вишните и оставете уште минута-две да се готви, па потоа тргнете од оган и оставете да излади.

Слатката павлака изматете ја во шлаг, па редете: кора – фил од вишни – шлаг, кора – фил од вишни – шлаг, завршувате со кора и одозгора наросете шеќер во прав.

Оставете колачот добро да излади, па сечете на коцки.

*1,5 литар сок од вишни: јас топам вишни од фрижидер и ги оставам да се цедат, па така добивам 300-400 мл сок а остатокот дотурам вода. Исто така може да користите и домашен сок од вишни ако имате.