Брз и кремаст колач…Овој десерт со ореви се топи во уста…за миг го нема…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца,
8 г ванилин шеќер (1 кесичка),
6 или 7 лажици шеќер,
100 мл масло,
100 мл млеко,
12 лажици брашно (200 г),
12 г прашок за печиво (1 кесичка),
100 г мелени ореви
100 мл млеко за натопување на корите.

За фил:
500 мл млеко,
4 лажици шеќер,
2 лажици какао,
2 лажици брашно,
50 г маргарин или путер,
6 лажици мелени кекси.

За глазура:
200 мл слатка павлака,
180 г чоколадо за готвење,
50 г ситно сечкани ореви.

ПОСТАПКА:

1.Пеенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата додека да згуснат и станат кремасти, 5 минути. Додајте масло и млеко, па матте уште 1-2 минути.

2.Потоа додајте брашно и прашок за печиво, па откако ќе ги соединете со жица, на крај додајте ги и млените ореви.

3.Смесата излеејте ја во плеех 30х40 см обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути. Оставете да се олади.

4.Во тенџере на оган ставете млеко, какао, брашно и шеќер, па варете со непрекинато мешање додека да згусне. Во сварениот крем додајте путер и промешајте да се растопи. После 10-тина минути ладење додајте ги мелените кекси и изедначете.

5.Бисквитот поделете го на два дела. Едната кора поставете ја во калап со обрач и натопете ја со малку млеко. Распоредете го филот и одозгора поклопете со втората кора. И неа натопете ја со млеко.

6.Загрејте ја слатката павлака, додајте го чоколадото и соединете. Оставете да се подизлади, па додајте ги оревите. Отстранете го обрачот и целиот колач полијте го со глазурата. Изладете пред послужување.