🍰 Брз и евтин пудинг колач со чоколаден фил – мек како памук, вкус што враќа спомени
Постојат рецепти што не се забораваат. Овој пудинг колач е токму таков – се подготвува од едноставни состојки што секогаш ги имаме дома, а вкусот нè враќа во време кога кафето се пиеше полека, а колачот се сечеше на големи парчиња.
Со нежен бисквит и богат чоколаден фил во средината, секое залче се топи во уста. Колачот излегува доста, останува мек и следниот ден и е идеален за секојдневно слатко задоволство по ручек.
Овој тип домашни десерти денес повторно се во фокусот на модерната кујна, бидејќи комбинираат практичност, економичност и проверен вкус – нешто што го ценат и семејствата и љубителите на традиционални рецепти, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🧾 Потребни состојки
За бисквит
• 3 јајца
• 12 лажици шеќер
• 2 ванилин шеќери
• 12 лажици масло
• 12 лажици млеко
• 12 лажици брашно
• 1 прашок за печиво
• 3 лажици чоколадни трошки
За фил
• 400 мл млеко
• 4 лажици шеќер
• 1 пудинг од чоколадо
• 30 г чоколадо за готвење
• 2 полни лажици кисела павлака (или милерам)
• НМД
За декорација
• бадеми сечкани на ливчиња/ореви (по желба)
• шеќер во прав
• растопено чоколадо или крем (по желба)

👩🍳 Начин на подготовка
Подготовка на филот
Во мало количество од млекото растворете го пудингот со шеќерот. Остатокот од млекото сипете го во тенџере и ставете го на оган да зоврие. Тргнете го тенџерето од оган, додајте ја смесата од пудингот со непрекинато мешање, па повторно вратете на тивок оган.
Варете кратко, додека да се згусне.
Додајте го чоколадото за готвење и мешајте додека целосно да се растопи. На крај додајте ја киселата павлака и убаво промешајте. Оставете го филот настрана да се олади.
Подготовка на бисквитот
Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер додека да се добие светла и густа смеса. Додајте го маслото и продолжете со матење, па додајте го млекото.
Постепено додајте го брашното измешано со прашокот за печиво и сè соединете со миксер. На крај додајте ги чоколадните трошки и нежно промешајте со лажица.
Печење
Смесата поделете ја на два еднакви дела. Намастете и набрашнете плех со димензии 30 × 20 см.
Сипете ја првата половина од смесата и рамномерно распоредете. Печете во загреана рерна на 180 °C, околу 10 минути.
Извадете го плехот, рамномерно распоредете го изладениот чоколаден фил, па одозгора сипете го вториот дел од смесата.
Лесно протресете го плехот за убаво да се распореди.
Посипете бадеми (или оставете без декорација) и вратете да се допече уште 25 минути на 180 °C.
Оладениот колач посипете го со шеќер во прав и по желба декорирајте со растопено чоколадо.
💡 Совет од кујната
Колачот останува мек и сочен и следниот ден, што го прави одличен избор за семејни собирања, викенд појадок или како практичен десерт што се подготвува однапред. Постапката погледнете ја видое прилогот ОВДЕ:





































