Брз и евтин колач за секој ден…За 5 минути измати и испечи…Подгответе многу вкусен десерт со наједноставни состојки. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
170 г шеќер
120 мл масло
180 мл млеко
280 г брашно
16 г прашок за печиво
30 г какао во прав
30 мл млеко

За глазура:
100 г растопено чоколадо
3 лажици тостирани ситно сечкани бадеми

ПОСТАПКА:

1.Со жица изматете ги јајцата и додајте прстофат сол, ванила и шеќер. Кога сето ќе се растопи додајте масло, па млеко. Постепено додајте го брашното помешано со прашок за печиво и мешајте додека да добиете мазно тесто без грутчиња.

2.Смесата поделете ја на половина. Во едната половина измешајте го какото и додајте млеко. Изедначете.

3.Долгнавест, тесен а длабок калап (за ролати или леб) намастете го и набрашнете го. Започнете наизменично да истурате жолта и кафеава смеса додека да се потроши материјалот. Со чепкалка поминете низ средишниот дел за да се обликува убава шара.

4.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

5.Одозгора премачкјате го колачот со глазура од растопено чоколадо (на пареа) и помешано со ситно сечкани бадеми. Оставете колачот да се олади пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.