Кога немате време а потребно е да направите нешто многу вкусно, декоративно, а сепак да биде домашно, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас.
Се приготвува од само неколку состојки, не содржи додаде шеќер, а блажината ја добива од самите кекси кои можат да бидат и со мед или некои по ваш вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 350 г кекси по избор (ние користевме плазма), 200 мл млеко, 90 г путер, 3 лажици како во прав (најдобро е да користите поквалитетно, органско, има поубав вкус) и 50 г чоколадо (исто така по ваш избор).
ПОСТАПКА: Во тенџере ставете 200 мл млеко и 90 г путер, па ставете на умерена температура додека да се растопи.
Повремено промешувајте со шпатула додека путерот целосно да се растопи, а потоа тенџерето тргнете го на страна и оставете го додека да се подизлади.
Кексите искршете ги на помали парчиња и ставете ги во блендер или „сечко“, па сомелете ги ситно, на неколку тури. Истурете ги во поголем сад и додајте 3 супени лажици какао во прав. Добро промешајте за да се изедначат состојките.
Во мешавината од мелени кекси и какао додајте го млекото со растопениот путер, па промешајте со шпатула, но можете смесата да ја измесите и со рака. Треба рамномерно да се распореди течноста и да ја впијат кексите.
Потоа истресете ја смесата врз парче хартија за печење на работната површина, па со помош на рацете обликувајте правоаглест ролат (или полукружен, по ваша желба). Добро притиснете со рацете за да биде компакно парчето.
Добро спакувајте го во хартијата, па оставете го во фрижидер да отстои 2-3 часа за да се стегне и олади. Потоа извадете го, одвиткајте го од хартијата и поставете го врз даска за сечење.
Исечете тенки или подебели парчиња по ваша желба. Откако ќе се олади колачот многу е покомпактен и убаво се сече на парчиња.
Чоколадото растопете го, па секое парче потопувајте го до половина во чоколадото и оставете го да се стврдне. вашите колачи се готови. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.