Фото и рецепт: Јека Мариќ
Ако барате да купите добар џем од портокал, воопшто не е лесно, а неговата цена честопати е неоправдано висока. Сепак, најубав е кога сами ќе си го сварите, токму во овој период кога портокалите не се многу скапи.
Потребни состојки:
1600 г исчистени портокали (околу 2,5 кг во кора)
200 г сечкана кора од портокал
1 кг шеќер
Постапка:
Добро измијте ги портокалите и оставете ги неколку часови во раствор со сода бикарбона (на 2 литри вода ставете две лажици).
Потоа измијте ги повторно и излупете ги, но сочувајте ја кората (одвојувајте ги поубавите кои немаат оштетувања). Од внатрешната страна на кората обидете се да го извадите белиот слој кој дава горчина. Потоа ситно исечкајте ги. Потребни ви се 200 г кора.
Портокалите исто така исечкајте ги, па заедно со корите и шеќерот ставете ги во поголемо тенџере. Ставете ги да се варат на тивок оган со повремено мешање. После половина час изблендирајте ја смесата со рачен миксер, или вадете со решеткаста лажица, па изблендирајте во блендер.
Потоа продолжете со готвење додека џемот да се згусне, но мора постојано да мешате за да не загори. Оваа количина обично ја готвам околу 1,5 час за да добијам погуст џем.
Кога џемот е готов, чисти, суви тегли и капаци ставете ги во плех па во рерна да се загреан до 100 степени. Извадете ги, па во врелите тегли складирајте го врелиот џем (користете ракавици за да не се изгорите).
Потоа теглите вратете ги во рерна, вклучете на 100 степени колку на џемот да се фати коричка, па оставете ги во затворена рерна да се изладат до следниот ден. Потоа затворете ги и чувајте ги на темно и ладно место.
Вкусот е фантастичен и можете да го користите за криасани, ванилици, торти… Од оваа количина се добиваат две големи тегли од 750 мл и една мала чинија за непосредна дегустација..